Калајџиев: „Титаник тоне“, Русковска и Јанева на одмор. Срамно!

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев вели дека е наприфатливо што обвинителката Вилма Рускоска задолжена за предметот “Рекет”, како и специјалната обвинителка Катица Јанева, за која постојат сомневања дека е инволвирана во скандалот, за заминат на одмор.

„Срамота е исто што и еве гледаме обвинителката што го води случајот а богами гледам дека и пола СЈО се на годишен одмор, тоа е за мене брука. Замислете сега тоне Титаник, тоне нашата надеж за правна држава, они на одмор, каков одмор какви бакрачи. Значи не може Вилма да оди на одмор на сред оваа афера од која што зависи она што сите го викаат датум за преговори, иако тоа е веќе изгубена војна, по мене ние немаме шанса повеќе за тоа. Со ваква растурена држава со вакви импровизации. – вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев за Канал 5.

Професорот смета дека „загрижувачки е што протече многу долг период, а не се расплеплетува приказната и тука очигледно целиот случај има политички импликации повеќе отколку правни, од дневна политика, до разузнавачки служби. Тука има многу шпекулации, вистинската приказна не ја знаеме сеуште“.

SHARE