Калајџиев за новиот Закон за јавно обвинителство: Брука!


Законот за јавното обвинителство кој синоќа помина на Влада ќе оди во Собрание со европско знаменце, но најпрво треба да биде преведен на албански.

Власта, како што се дознава, обезбедила потребна двотретинска поддршка од пратениците за негово изгласување со гласовите на Независната пратничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на Алијанса на Албанците, на Алтернатива и на БЕСА.

Професорот Гордан Калајџиев новото законско решение за Јавното обвинителство го опиша како „Брука“.

„Последната верзија на Законот за јавното обвинителство што е сега во процедура не само што не ги отстрани контроверзите што ги зготвија партиите туку напротив ги дорасипаа! Брука!, искоментира Калајџиев на Фејсбук.

SHARE