„Калчр трип“: Македонскиот јазик меѓу 10. најстари што сè уште се зборуваат

Порталот „Калчр трип“ од Лондон го вброи македонскиот јазик меѓу десетте најстари во светот што сè уште се зборуваат, покрај хебрејскиот, баскискиот, тамилскиот, литванскиот, фарси (персиски), исландскиот, финскиот, грузискиот и ирскиот галски.

„Словенското семејство јазици, кое ги вклучува рускиот, полскиот, чешкиот и хрватскиот меѓу другите, е релативно младо. Тие почнаа да се одвојуваат од нивниот заеднички предок, заеднички словенски (или протословенски), кога Кирил и Методиј го стандардизирале јазикот, создавајќи го она што денес се нарекува стар црковнословенски и создадоа азбука за него. Потоа го понеле јазикот со себе на север во 9. век, кога отишле да ги христијанизираат Словените. Тие дошле од некаде на северот од Грција веројатно во тоа што денес е познато како Македонија (или Република Македонија или ФИРОМ според спорот за македонското име) и македонскиот (заедно со неговиот многу близок роднина бугарскиот) е јазикот што денес е најтесно поврзан со стариот црковнословенски“, пишува авторката Лени Силинџер.

„Следејќи ги коментарите во врска со сложените историски врски меѓу Македонија и Бугарија, ние од ‘Калчр трип’ би сакале да нагласиме дека, и покрај комплексностите, преовладувачкиот академски консензус надвор од регионот е дека бугарскиот и јазикот познат како македонски се различни. Ако не ни верувате, прочитајте го нашиот напис за историјата на македонскиот јазик“, пишува под образложението на писателката и преведувачка од САД што живее во Прага.

„Калчр трип“ е глобален технолошки стартап, кој ги инспирира луѓето да ги истражуваат културата и креативноста на светот преку иновативна технологија и глобална мрежа на креатори на локални содржини. Основан е во Лондон во 2011 година од страна на поранешниот академски психијатар, д-р Крис Наудс, и беше именувана од „Форбс“ како една од петте брзорастечки британски компании на кои треба да се обрне внимание.

 

SHARE

Comments are closed.