Шарените лаги за бетонираниот македонски идентитет ги распрсна како меур од сапуница написот на „Калчр трип“ за Скопје, кој очигледно не слушнал за препораките на Министерство за надворешни работи по промената на името на државата.

Буквално насекаде низ текстот се употребува придавката „северномакедонска“ наместо македонска, како што сугерира министерството на потписникот на Преспански договор, Никола Димитров.

„Најдобрата северномакедонска ракија“, „северномакедонските уметници и музичари“, „северномакедонскиот филхаромински оркестар“, „северномакедонска кујна“, северномакедонската престолнина“ се дел од квалификациите во инаку афирмативниот опис на тоа што може да се види во македонскиот главен град.

SHARE