Калоѓера: Делчев со сето свое битие е дел од македонското национално историско битие

Хрватскиот македонист и поранешен почесен конзул на Македонија во Риека, Горан Калоѓера, со нова реакција за најновиот притисок од Бугарија за апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

„Читам дека Гоце Делчев повторно е во зенитот на бугарските и на македонските историчари. Не знам што имаат со Делчев бугарските научници, освен по партиска задача да го вратат под бугарска закрила. Не ми е јасно ни учеството на македонските научници во оваа трајна комедија околу Делчев. Ним барем би требало сè да им биде јасно.

Заедничка бугарско-македонска историја, што е тоа? Секој народ има своја национална историја, каде што се држи до својата историја и не граба од никого нешто што не му припаѓа. Не оспорувам дека бугарската и македонската историја и нивните историски личности се испреплетувале, меѓутоа секогаш со јасно исцртани цели – Бугарите да окупираат, да алиенираат (оттуѓат – н.з.), да затрат сè македонско, а Македонците да се изборат за правото на своја нација, историја, јазик, самобитност. И тука подвлекуваме црта.

Делчев со сето свое битие, работа, идеи, организаторски способности, филозофија, револуционерно искуство е дел од македонското национално историско битие. Народ што е подготвен буквално да ги продаде своите најдобри луѓе на продажбата на поповите глаголисти по смртта на Наум и нивниот прогон со истата цел да им се затре секоја трага. Но, како што ни покажува историјата, тоа не се случило. Нема ни со Делчев!“, категоричен е Калоѓера.

Čitam da je Goce Delčev opet u zenitu bugarskih i makedonskih povjesničara. Ne znam što bugarski znanstvenici imaju s…

Posted by Goran Kalogjera on Tuesday, September 15, 2020
SHARE