Калоѓера: Очекувам суво време во Македонија по појавата на пробудени Бугари како печурки по дожд!

Хрватскиот македонист Горан Калоѓера го коментира „просветлувањето“ на одредени јавни личности во Македонија во однос на етничката припадност.

„Изгледа дека последниве месеци во Македонија наврнало доста дожд. Го гледам тоа по појавата на нагло пробудени Бугари, кои се појавуваат како печурки по дожд. Во наредните месеци очекувам топло, суво и стабилно време во Македонија!“, објави на Фејсбук поранешниот почесен конзул на Македонија во Риека.