За хрватскиот славист и македонист Горан Калоѓера, многу тажен е молкот на неговите колеги и пријатели од Македонија што се решиле да не го кренат гласот против сите напади врз нејзиниот јазик, идентитет и култура.

„За проблемите во кои е Македонија може да се зборува повеќе и посложено. Секогаш истапувам и ќе истапувам како научник, а не политичар. Јас не сум државјанин на Македонија, туку европски интелектуалец, кој со оглед на својата струка, знаење и љубов кон Македонија истапувам исклучиво на темелот на моите научни сознанија. Не ми е намерата да се мешам во политичките случувања во Македонија, но како слободномислечки интелектуалец не можам а да не реагирам на сето она што ги загрозува македонскиот опстој, идентитет, јазик и култура. Се срамам од моите колеги и пријатели во Македонија што се решија за молк. Тоа е повеќе од жално, но, верувајте ми, можам да го разберам тоа“, вели Калоѓера на Фејсбук како коментар за неговото интервју за „Лоза“.

„Јас не сум противник на Македонија, јас сум нејзин горлив застапник и пријател. Но, на Македонија слободна, непопречена, демократска, проевропска, на Македонија на која ѝ посветив 40 години од својот живот и работа и во која верувам!“, додава професорот по македонистика и кроатистика на универзитетот во Риека, кој десет години беше почесен конзул на Македонија во Хрватска до оставката на 1 ноември годинава.

SHARE