Калоѓера: Трудот на Конески избришан со еден декрет

Почесниот македонски конзул во Хрватска, Горан Калоѓера, изненаден и разочаран од синоќешната најава дека Законот за јазиците ќе биде објавен во „Службен весник“.

„Прочитав утроvо дека албанскиот јазик стана втор официјален јазик во Македонија. Потоа, повторно, по стоти пат, ја читам студијата „Афирмација на македонскиот јазик“ на Блаже Конески сто пати. Колку труд, работа, маки, докажувања, научна и друга аргументација, дипломатска активност да му се докаже на светот нешто што е историска вистина.

И тогаш, еден декрет, кој во голема мера ги елиминира сите тие напори и работа. Жалосно“! – пишува Калоѓера на Фејсбук.

SHARE

Оставете коментар