Академикот Владо Камбовски, на денешната комисиска расправа за законот за ЈО го пофали предлог-решението за ЈО во чија изработка и самиот учествуваше и рече дека дека овој закон мора да биде донесен, па дури и да се одложат изборите закажани на 12 април.

„Законот за јавно обвинителство е само дел од реформите на судскиот систем, па затоа политиката мора да наведне глава над правдата.

Овој закон мора да се донесе дури и по цена да се одложат изборите за еден месец. Земјава не може да мрдне во европските интеграции без владеењето на правото“, рече Камбовски, како што пренесе „Плусинфо“.

SHARE