Камчев бара нов времен пасош, сегашниот му истекува утре

Бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот Империја, побарал уште еден времен пасош.

Тој планира следната година да патува на веќе закажани бизнис состаноци во Турција, Швајцарија.

Шестмесечниот пасош за кој доби зелено светло од Катица Јанева му истекува утре.

Како осомничен во случајот „Империја“ на Камчев му беа одземени двата пасоша, македонскиот и бугарскиот, и користи времен пасош.

SHARE