Камен ја чува штипската култура (ФОТО)

Камен кој ја потпира вратата на домот на културата во Штип во доцните вечерни часови ја симболизира целата импровизација на која почива македонската култура но и држава.

Во отсуство на клуч и исправна брава раководството на домот на културата во Штип се решило главната врата да ја обезбеди со камен што предизвика потсмев кај Штипјани и сите други граѓани на социјалните мрежи.

“Каменот од блиску доаѓа”, гласеше една од најкористените фрази од таканаречените бомби на Заев која сега слободно може да се преформулира во следнава верзија: “Во Штип културната власт се тепа со свој камен по своја глава”.