Каменос чека исход од Скопје, за да одлучи што понатаму

Одложувањето на седницата за уставните амандмани го одложи закажаниот состанок на грчкиот премиер Алексис Ципрас со министерот за одбрана и лидер на „Независни Грци“, Панос Каменос. Каменос јасно стави до знаење дека ги чека настаните во соседната земја за да одлучи за неговите следни потези, кои вклучуваат и повлекување на „Независни Грци“ од коалициската влада со СИРИЗА поради несогласувањето со Преспанскиот договор.

Додека трае блокадата во парламентот во Скопје,  се договоривме дека треба да ја одложиме средбата со премиерот, рече  Каменос за новинарите по состанокот во партијата.

Запрашан дали ова влијае на грчката влада, тој рече дека сè е поврзано.

Каменос, да потсетиме, постојано повторува дека тој односно Независни Грци ќе го напуштат парламентот кога и ако „преспанскиот“ договор дојде за ратификација во грчкиот парламент, па дури и дека ќе ја напушти владата.

Тој денеска побарал од сопартијците да му дозволат да ги повлече министрите на Независни Грци од влада, но не му било прифатено барањето, јавуваат грчки медиуми

SHARE

Оставете Коментар