Доколку Договорот под Преспа  дојде во грчкиот парламент, доколку биде изгласан во македонскиот парламент, „време е за претседател на Републиката да го заземе своето место“ и да иницира да „биде блокиран од страна на Советот на политичките лидери“ на чие чело е претседателот на Грција.

Ваков предлог дал министерот за одбрана во обраќањето на 3-та Конференција на младите на „Независни Грци“.

Тој смета дека преспанскиот договор води кон поделби и има негативно влијание на сите нивоа и повтори дека доколку дојде во грчкиот парлaмент, тогаш неговата партија „Независни Грци“(АНЕЛ) ќе се повлечат од владата и владиното мнозинство.

Каменос вели дека Грција е обврзана да разговара со меѓународната заедница со оние кои не се согласуваат, но и со своите сојузниците за такви работи, додавајќи дека АНЕЛ се согласил да преговара за прашањето на Македонија со министерот за надворешни работи, но  дека „решение кое го содржи терминот ‘Македонија’ во комплексно име не прифаќа и ние нема да го гласаме гласаме“, пренесува CNN Greece.

SHARE

3 Коментари

  1. Znaci dodeka da dojde vo parlamentot za glasanje- a mora da dojde Panos skamenetio ke izigrava dvorska budala a posle ke se osveste!!

Comments are closed.