Каменос и Ципрас „се договориле“!?

Панос Каменос , владиниот партнер на Алексис Ципрас, во наводна ексклузивна изјава за  Ποντίκι» открил дека наводно се согласил со премиерот и претседател на СИРИЗА дека ниту еден пратеник на неговата партија „Независни Грци“(АНЕЛ) нема да биде на гласачките ливчиња на СИРИЗА, ниту на националните избори ниту на европските избори, пренесува „Иефимирида“.

Со други зборови, Каменос со овој договор се обидува да постигне неколку нешта:

да ја отстрани можноста членови на АНЕЛ да добијат „награда“ ако гласаат за Преспанскиот договор

Членовите на АНЕЛ нема да бидат обвинети за отпадништво ако одлучат да гласаат за договорот.

Ципрас да не придоненсе на било кој начин за распаѓање на АНЕЛ.

Ципрас и Каменос да одат заедно до крајот до крајот на мандатот.

SHARE