„Поблизу од кога и да е, се чини се гледа крај на владата, барем во сегашната форма, само неколку часа откако беше изразено задоволство од уставните амандмани што вчера влегоа во македонскиот парламент, кои се “компатибилни” со духот и писмото од Преспанскиот договор. Панос Каменос одлучи да „ги извади ракавиците“ – оценува CNN Greece.

За време на денешната посета на армиски гарнизон во Лариса, Панос Каменос повторно „фрли маслото во оган“, изјавувајќи:

„Доколку договорот на Преспа продолжи во пјРМ, ќе поднесам оставка од министер за национална одбрана, преземајќи ја целосната тежина на оваа одговорност и ќе се повлечам од владата “.

Тој одново го опиша како „мртов“  договорот, и повторно потсети на, според него, провокатвните изјави на македонскиот премиер и „иредентистички намери, за кои верувам дека може да доведат до дискредитирање на овој договор кој сѐ уште е мртов со она што го прават “.

Македонија е една и грчка, порача Каменос од грчка граница

 

SHARE

1 Коментар

  1. Во контактите со Нимиц од страна на Грција се подготвува дополнителен протокол или Анекс на Преспанската спогодба за измени во врска со јазикот, те. се работи на ID modifier ERGA OMNES! Ќе видиме како Русија ќе реагира!!!

Comments are closed.