Каменос најави оставка како министер за одбрана

На денешниот состанок на Советот за одбрана на Грција, Панос Каменос најавил дека е подготвен да поднесе оставка од функцијата министер за национална одбрана.

„Ова е мојот последен состанок како министер“, изјави Каменос на средбата со првите луѓе на грчките вооружени сили.

„Ќе го сторам она што треба“ рекол Каменос како што пренесува CNN.Greece.

Никој не може да знае сигурно дали е ова уште еден маневар за министерот за одбрана, или дали оставката ќе ја поднесе на утрешниот состанок со премиерoт Алексис Ципрас, коментиаат грчки медиуми.

SHARE

1 Коментар

  1. ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ИМА НЕДОЗВОЛЕН ПРЕДМЕТ НА СКЛУЧУВАЊЕ: ПРОСТИТУЦИЈА НА НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ!

Comments are closed.