Каменос најави предизборна кампања на 10 јануари

Уште една изјава на министерот за одбрана и коалиционен партнер, Панос Каменос, предизвикува главоболки во владејачката коалиција.

Претседателот на „Незавински Грци“( АНЕЛ) вели дека на 10 јануари партијата ќе ја започне предизборната кампања и дека во мај истовремено треба да се одржат локални, парламентарни и европски избори.

Говорејќи пред партискиот подмладок, тој повтори дека „Независни Грци“ ќе се повлечат од владата и парламентот доколку Преспанскиот договор дојде на ратификација во парламентот и дека ќе ја засили партиска дисциплина, бидејќи нема да дозволи некој да ги искористи „Независни Грци„.

Според анкетите, партијата на следните парламентарни избори не би освоила повеќе од 3 отсто гласови и најверојатно нема да влезе во следниот парламентарен состав.

SHARE