Панос каменос, лидерот на „Независни Грци“, помалиот коалиционен партнер во владата на СИРИЗА, му соопштил на премиерот Алексис Ципрас дека ја напуштаат владата.

По денешната средба Каменос изјави дека двете партии  имале 4 години соработка во владата на национален консензус… дека  извлекле  земјата од програамата за штедење…

„Му се заблагодарив на премиерот за соработката и му објаснив дека за мене, поради национални причини, соработката не може да продолжи“ изјавил Каменос кој е министер национална одбрана.

Партијата на Каменос се противи во континуитет со Преспанскиот договор и со термиот „Македонија“ во името на северниот сосед и најавуваше дека нема да гласа за ратификација на Договорот за промена на името.

SHARE

Оставете Коментар