„Доколку  (претседателот на Грција) Прокопис Павлопулос го потпише Преспанскиот договор  кој не е потпишан од претседателот (на пјРМ) ќе учествува во уставно прекршување“, изјави претседателот на „Независни Грци“ КПанос Каменос  во интервју за гчката „ТВ Скај“.

Каменос смета дека Преспанскиот договор е неуставен.

„(Премиерот на БЈРМ, Зоран) Заев веќе го прекршил договорот, кој во секој случај не може да влезе во сила бидејќи нема потпис на претседателот на БЈРМ … кога претседателот на друга земја не се согласува, не може да се потпише договор“, вели Каменос како што пренесува Катимерини.

Тој исто така укажува дека „договорот што доаѓа во парламентот за ратификација следната недела нема никаква врска со потпишаното, бидејќи има четири амандмани“.

Каменос го обвини премиерот Алексис Ципрас ека  виновен за тоа што повеќето членови на владата на „Независни Грци“ ја напуштиле партијата за да ги задржат своите позиции.

„Toа е непријателски чин … Нашата парламентарна група ќе го блокира целото законодавство„, рече тој.

Во нападот кон неговиот поранешен колега, МНР Никос Коѕијас, Каменос потсетил на сомнителните зделки.

„Постојат обвинувања дека средства од Министерството за надворешни работи им беа дадени на медиумите (БЈРМ). Тоас мора да се испита“, рече тој.