Лидерот на „Независни Грци“, Панос Каменос денеска изјави дека преспанскиот договор е мртов и дека тој е подготвен да ја напушти владата доколку договорот стигне на гласање во парламентот.

„Ако од било која причина овој договор стигне во парламентот, јасно кажуваме дека Независни Грци ќе ја напуштат владата и владиното мнозинство“ изјавил Каменос денеска вопарламентот, пренесува „Ифемирида“.

Каменос, воедно, го повика лидерот на опозициската Неа Демократија,  Киријакос Мицотакис да се обврзе дека нема да прифати име кое го содржи терминот Македонија за северниот сосед и да го поништи препанскиот доколку биде изгласан од Парламентот.

Тој деновиве најави дека ќе ги повлече неговите министри од владата и денеска одржа состанок во партијата.

Каменос, според грчки медиуми, тврди дека договорот бил „мртов“  бидејќи (премиерот) Заев, го суспендирал со своите изјави.

Тој, исто така, изрази задоволство што премиерот (Алексис Ципрас) појаснил дека грчката страна нема да прифати никакво толкување на македонската етничка припадност.

Ципрас ги „моли„ Теодоракис и Каменос за поддршка на преспанскиот