Министерството за правда на Канада издаде судски налог со што и официјално почнува процесот на екстрадиција на финансиската директорка на „Хуавеј“ на  САД.

Во САД, оваа компанија и директорката Менг Ванжоу, се обвинети за кршење на американските санкции кон Иран, но и за “крадење индустриски тајни од американската компанија за телекомуникации T-Mobile.

Адвокатите на Менг велат дека обвиненијата во САД се политички мотивирани.

Менг, колја е ќерка на основачот “Хуавеј“  беше уапсена лани на 1 декември но ослободена со кауција во средината на декември од судот во Ванкувер, каде е сопственичка на две резиденции.

Апсењето беше причина за заладивање на кинеско-канадските односи: Кина уапси 2 канадски државјани, а третиот го осуди на смрт поради трговија со дрога.

SHARE