Канадскиот олимписки и параолимписки комитет решија да не учествуваат на Олимписките и Параолимписките игри во Токио летово поради пандемијата на вирусот корона, објави Ројтерс.

„Поради Ковид-19 и ризиците поврзани со болеста, не е безбедно за нашите спортисти, ниту за здравјето и безбедноста на нивните семејства и пошироката канадска заедница, да продолжат да тренираат и да се подготвуваат за Игрите“, се вели во нивното соопштение.

Канада е првата земја што објави дека нема да испрати спортисти во Токио.

Австралискиот олимписки комитет, пак, објави дека нивните спортисти треба да започнат со подготовки за Игрите што ќе се одржат – догодина.

По вонредната средба во неделата, Меѓународниот олимписки комитет објави дека поради ширењето на инфекција со коронавирус, брзо работи на сценарија за Олимпијадата во Токио, вклучително и за одложување.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе смета дека Олимпијадата треба да се одржи „во целосна форма“.

SHARE