Капитални инвестиции – се е исто како и лани

Во првите три месеци за изградба на патишта, пруги, гасоводи, училишта и други проекти потрошени се замо 26,2 милиони евра од предвидените 420 милиони за годинава.

Во истиот период приходите на буџетот се реализирани со над 21 процент, а вкупните расходи во трите месеци изнесуваат 801 милион евра што е 21,5 отсто од вкупно планираните.

Лоша реализација на капиталните проекти имавме и лани, по што со ребалансот на буџетот Владата мораше да крати околу 100 милиони евра од оваа ставка, објави Алсат М.

Иако има катастрофална реализација на капиталните инвестииции од 6,2 отсто во првиот квартал, премиерот вели дека ребалансот ќе се прави поради тоа што има натфрлање кај приходите.

Исто како и лани Заев е оптимист дека забрзување на капиталните проекти ќе има вториот и тертиот квартал.

SHARE

1 Коментар

  1. КАМЕН НА КАМЕН НЕ СТАВИЈА И ИЗГРАДИЈА, ТУКУ САМО ТЕНДЕРИ НА ТЕНДЕРИ СИ РЕДЕА. НАПРАВЕНОТО НЕ ГО СОЧУВАА ТУКУ ГО УРИВААТ И НИТУ ЕДНА ЛЕНТА НЕ ПРЕСЕКОА. ДА ЛИ Е ДО ГЛАВИТЕ ИЛИ ДО РАЦЕТЕ ИЛИ ПАК ЛЕНТИ ЗА СЕЧЕЊЕ И МУЗИКА СО НОТИ ОД НИВНАТА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИМ НЕДОСТИГААТ!!???

Comments are closed.