Капиталните инвестиции на очајно ниско ниво

И во годината што на стартот беше најавена како најекономска во мандатот на оваа влада, очајна е реализацијата на капиталните инвестиции.

За половина година се потрошени само 20 отсто од парите за патишта, енергетика, водоводи и училишта, или, само 86 милиони евра од предвидените 422, говорат бројките на Финансии.

Со вакво темпо, изгледа како илузија дека во следните шест месеци ќе се вложат дури 336 милиони евра, пишува „Телма“

SHARE