Властите во северна Македонија немаат алтернатива освен да ги прифатат вистинските историски факти ако сакаат да влезат во Европската унија и во НАТО изјави Красимир Каракачанов, бугарски вицепремиер и лидер на ВМРО-БНД, за бугарската „ТВ Европа“.

„Во политиката и дипломатијата постојат неколку пристапи. Само со молење не може“, вели Каракачанов.

„Дали во договорот е запишано дека Македонија не може да има територијални и историски претензии? Запишано е“ вели Каракачанов според кој Бугарија нема потреба да поставува никакви ултиматуми нза Македонија.

„Постојат и други механизми. Не ултиматум, туку само престанувате да ги поддржувате. Им викате, момчиња, не сте подготвени, ќе почекате некое време да научите да се европеирате додека ја читате вистинската историја.“

Каракачанов смета дека властите во Скопје едноставно немаат избор.

SHARE