Бугарскиот вицепремиер вели дека на денешните разговори на македонската и бугарската делегација кои траеле долго, никој не се помрднал од своите позиции, а Бугарија само ги врачила своите барања и дала рок до петок..

„Им објаснивме на нашите колеги од Република  Македонија дека не можеме да направиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја,  со идентитетот на бугарските херои и со идентитетот на целиот нејзин народ, кој е дел од општата историја. Од тука натаму се е во рацете на колегите во Скопје.

Иако има само неколку дена до крајот на процесот, до петок, тие имаат можност да корегираат сè што во меѓувреме пропуштиле oд договорот, па да видиме дали тоа ќе е доволно за почеток на преговори“, откри Красимир Каракачанов.

Тој вели дека разговорот со македонската страна бил долг, започнал во 10 часот изутрина и завршил во десет минути до 17 часот, но за да нема никакви сомнежи, бугарската страна соопштила дека нема намера да отстапи на никаков начин ниту точка од рамковната позиција од октомври минатата година.

„Долго разговаравме во една навистина добра атмосфера, имавме пријателски разговор, без потреба од преведувачи, па мислам дека не’ разбраа.

Отсега во нивни раце е да ја прилагодат нивната политика, бидејќи никогаш не е доцна, подобро доцна отколку никогаш“, истакна бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана.

SHARE