Каракачанов дозволи јазикот да биде Македонски и наклевети дека ги лажеме децата

Прашање е дали Македонија сака да влезе во ЕУ, оваа дилема ја поставува бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во телевизиска емисија во која побара Скопје веднаш да признае дека нема заедничка историја туку дека македонската историја до 1944 е бугарска историја.

“Договорот за добрососедство е много јасен. Политичарите во Скопје гледаат, дека Бугарија ги поддржува дури и кога водат антибугарска политика. Веројатно си вообразуваат, дека и сега ќе биде така”, вели Каракачанов според кого Бугарија нема да одстапи од своите позиции.

“Тие имат свои лаги, со кои живеат и наметнуваат лажна историја на своите деца. Планот нема да помине. Тие си мислат дека некој ќе ја притисне Бугарија и ние ќе отстапиме. Нивно право е да си го нарекуваат јазикот Македонски но немаат право да градат национален идентитет на база на грозни фалсификати”, вели Каракачанов кој според најновата изјава нема проблем со македонскиот јазик.