Каракачанов: Македонија продолжува да мисли дека е центарот на вселената

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов не пропушти да ѝ држи лекции на Македонија и во денешното гостување на тамошната телевизија Канал 3.

„Тие продолжуваат да мислат дека се центарот на вселената, ако не и папокот на Европа и оти некој легнува и станува со нивните проблеми. Со оглед на тоа дека сакаат да влезат во ЕУ, нека бидат добри и да ги почитуваат договорите што ги потпишале и да се однесуваат партнерски“, му порача тој на западниот сосед.

Каракачанов очекува да има фактори што ќе извршат притисок врз Бугарија за евроинтеграцијата на Македонија, но, според него, има и други фактори што не се толку восхитени од проширувањето на ЕУ.

„Не Македонија, туку Бугарија е полноправна членка на ЕУ и треба да се однесува достојно и да си ги заштитува интересите. Компромиси не треба да се прават. Тие сметаат дека некој некаде од Европа ќе ги притисне Бугарија и Владата и оти ние ќе се согласиме со безобразијата во однос на бугарската историја, фалсификатите и лошиот однос кон Бугарите во Македонија. Не гледам кој е тој политичар што ќе направи компромис, кој автоматски во Бугарија 90 отсто од граѓаните ќе го означат како предавство. Нема таков политичар во Бугарија, уште помалку во оваа Влада“, категоричен е лидерот на софиското ВМРО.

SHARE