Каракачанов најави оставка на ФБ, па се премисли


Рано утрово на фејсбук се појави објава на Красимир Каракачанов која се прошири во медиумите и во која актуелниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија најавува оставка.

Објавата ја цитираа повеќето медиуми.

Малку подоцна, се покажа дека од ФБ профилот на Каракачанов е исфрлен делот со оставката.

Но, според БГНЕС, избришаниот текст пак може да се прочита на неговата страница на Фејсбук:

„Ако ме прашате, повеќе од сè сега е потребен формат на дијалог. Подготвен сум да го гарантирам овој дијалог. Јас самиот неодамна ветив дека ќе се повлечам од функцијата вицепремиер ако Бојко Борисов и Румен Радев пружат рака во име на намалување на тензиите и експертски кабинет за да ја извадат Бугарија од оваа сегашна политичка криза без реваншизам и политичка пристрасност. Јас го предложив на Денот на обединувањето и го потсетувам на денот кога ја славиме Независноста “.