Вицепремиерот и лидер на ВМРО Красимир Каракачанов во интервју за БНР, реагираше на соопштението на македонското МНР по повод неговата вчерашна изјава дека ќе ја блокира Македонија во НАТО у ЕУ ако и понатаму се продолжи со споменувањето на македонски јазик.

Во реакцијата на МНР се вели дека Македонија ќе продолжи со пријателството, а пријателство, значи меѓусебно почитување, како и почит и за интересите на соседот.

„Штом сакаат пријателство да си ги преправаат учебниците“, категоричен е Красимир Каракачанов, според кој во „македонските учебници ќе прочитате дека цар Самуил војувал со Бугарите.

„Зборуваме за тоа да дојдеме до заедничко читање на историјата, а не да отстапува, за да им се допадне на некои во Скопје“.

Според Каракачанов во заедничката Комисијата, која одлучува за  спорните прашања во заедничката историја на Македонија и Бугарија, немало никаков напредок зашто од македонска страна имало силни обиди да се спори …

Според него, ако не се решат овие противречности Македонија влезе во НАТО и ЕУ, таа ќе може да врши притисок врз Бугарија.

„Не сакам моите деца по некоја година да ме прашуваат зошто ги преспавме овие македонски итроштини”, вели бугарскиот вицепремиер.

МНР му одговори на Каракачанов: Пријателството подразбира почит…

 

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.