Вицепремиерот и лидер на ВМРО Красимир Каракачанов е подготвен да ја напушти владејачката коалицијата ако неговите предлози му за интеграција на Ромите во бугарското општество не бидат прифатени.

Дел од предлозите на Каракачанов се запирање на социјалната помош за Ромите во одредени случаи, превентивни мерки за бременост со државни пари и доброволни единици на МВР за борба против ромскиот  криминал.

Стратегијата предизвика многу коментари во јавноста и во националното собраниено и покрена прашања и колку е таа уставна.

Експерти велат дека мерките на Каракчшанов се популизам. „Со него се прекршуваат чл. 6, ал. 1 и ал. 2 од Уставот, кои гласат дека сите луѓе се раѓаат еднакви по достоинство и слични предлози воопшто не треба да се прават.

За предлозите на Каракачанов, ќе одлучи коалицискиот совет.

Од ромската заедница, тие инсистираат на оставка на заменик-премиерот Каракачанов.

SHARE