Македонија продолжува кон Европската Унија како играч со жолт картон, но Бугарија го држи црвениот, изјави вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов објаснувајќи ја позицијата на бугарската Влада во врска со очекувањата за почеток на преговори на Македонија со ЕУ.

„Бугарија нема да го стопира стартот на преговори, но тие можат да бидат долги, погледнете ја Турција колку години преговара“, рече Каракачанов, пренесува бугарски 24 часа.

Бугарија постави неколку услови за поддршка на Македонија на патот кон ЕУ: Да ги осуди репресиите кон Бугарите, како што велат, во Македонија извршени за време на комунистичка Југославија, да ги поправи учебниците по историја, литература и географија, да ги смени таблите на одредени историски локации и одредени споменици, кои се перцепираат како антибугарски.

Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, денеска изјави з дека Бугарија ќе поддржи почеток на преговори со Северна Македонија и за Албанија.

Таа рече дека бугарската Влада е против раздвојување на овие две земји.

SHARE