Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов не престанува да испраќа отровни стрели кон Македонија по изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев за македонскиот јазик, овојпат огласувајќи се од Пловдив.

„Почнувам да помислувам дека целта на политичарите во Скопје е – договори со Бугарија и со Грција, влегување во НАТО и во ЕУ, по кое договорите да бидат откажани, а потоа да продолжат со нивните финти познати на историјата. За тоа има индикации од пред неколку години наваму. Јас би прифатил дека Договорот за пријателство е исполнет кога ќе ги видам учебниците од кои учат децата. Ако во тие учебници повторно пишува дека царот Самоил е македонски цар, значи дека договорот не е исполнет. Договорот е основа за разбирање, но кога едната страна не се придржува до тој договор, ние имаме други механизми да влијаеме“, изјави лидерот на софиското ВМРО-Бугарско национално движење, според кој „Македонија продолжува да ја провоцира Бугарија со својата т.н. историја“.

 

SHARE