Тања Каракамишева, професорка по уставно право на државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“, ѝ се истури на Твитер на владејачката партија, за која користи кратенка без М (за Македонија).

„Целата ‘политика’ на СДС е ГОЛЕМА РАСПРОДАЖБА НА ДРЖАВАТА! Се фалат со продажбата на името, историјата, јазикот како најголем политички дострел! Извинете, вашите поданички чекори не се политика. Ќе ви симнев капа ако без промена на име и историја направевте пресврт. Вака сте измеќари!“, твитна доскорешната македонска членка на Венециската комисија.