Професорката по уставно право Тања Каракамишева му реплицира на професорот по кривично и процесно право Гордан Калајџиев за констатацијата дека „излегува оти СЈО служеше само да се урне ВМРО-ДПМНЕ“.

„Гордан извини, мислам дека реакцијата ти е како онаа српската ‘Касно стиже Марко на Косово поље’.

Па, кај беше Гордане да го кажеш ова годините наназад, кога вулгарно и одвратно нè плукавте нас кои аргументирано ги кажувавме и пишувавме овие состојби и факти?

Дали навистина си сметал дека СЈО имал друга агенда освен брутален политички реваншизам?“, го праша Каракамишева преку Фејсбук претседателот на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија.

SHARE