Каракамишева до Заев: Не го мавтај народот со нови лаги и надежи за ЕУ

Универзитетската професорка Тања Каракамишева преку Твитер побара од премиерот во заминување Зоран Заев да не влева лажна надеж дека Советот за општи работи на Европска унија (ГАК) на 19 ноември во Рим може да ја тргне блокадата за старт на преговори од Европски совет од минатата седмица.

„Дај бе тоа советниците на Заев, над 100 на број, нека му кажат на човекот дека на ГАК не се носат одлуки. Одлуката на Европскиот совет е бетон, ГАК може само да дискутира, но не и да ја врати работата назад. Заев, не го мавтај народот со нови лаги и надежи“, твитна професорката по уставно право и член на Венецијанската комисија.

За едукација во врска со правото на ЕУ, односите меѓу европските институции, нивните надлежности, права и обврски, Каракамишева на советниците на Заев им го нуди универзитетскиот учебник „Право на Европската унија – од Париз до Лисабон“, чии автори се таа и Вероника Ефремова.

SHARE