Каракамишева му реплицира на Борисов: Демек тикви или лубеници сме, па да зрееме

Професорката Тања Каракамишева реагира на пораката од бугарскиот премиер Бојко Борисов од Брисел дека Македонците мора да созреат за да добијат датум за почеток на преговори со Европска унија.

„Бојко Борисов се спрдачи со цел македонски народ, вели ‘НЕКА ЗРЕАТ’, демек тикви или лубеници сме, па да зрееме и нема никаков коментар од Владата, никој да зуцне, да муцне од завидлизам….

Аман те, бре, што сторивте?

До кое дупло дно се доведовте?“, прашува на Фејсбук членката на Венецијанска комисија.

SHARE