Каракамишева: Не е само Франција против датум за Македонија…

Прифесорката Тања Каракамишецва вели дека лично Јоханес Хан, комесарот за проширување на ЕУ во заминување, ѝ „нафрлил“ дека не е само Франција таа која се противи на ширење на Уијата со Македонија и со Албанија.

„Во своето обраќање до Венецијанската комисија, г-нот Хан спомна дека “неколку држави” имаат проблем со отворањето на преговорите со Македонија.

На моето прашање кои се тие неколку држави г-динот Хан ги наброја Франција, Холандија и Данска“ пишува Каракамишева на Фејсбук и поставува прашање до Владата:

Зошто не ги информира македонските граѓани за вистинските случувања на терен и што сака да постигне со криењето?

SHARE