Oколу еден милион туристи од целиот свет се очекува да го посетат годинава најбогатиот и најраскошниот карневал на светот, кој традиционално се одржува секоја година од 18 век во Рио де Жанеиро.

Почетокот на карневалот беше одложен за неколку часа, додека тимовите на противпожарната бригада мораа да спроведат детален преглед на познатиот „самбодром“, – каде ќе продефилираат танчерите на 14 школи – со цел да се спречи можност одтрагедија.

 Првиот карневал во Рио бил се одржал во 1723 година.

Карневалот се организира во чест на грчкиот бог на виното, Дионис.

Северува дека португалскиот фестивал “Entrudo” е претходник на денешниот карневал.

 Во 1940 година, карневалот поприма форма и на маскенбал.

Од 1917 година, африканското влијание и самбата го преземаат приматот на карневалот.

SHARE