Касами го уценува – Заев вели нема такво нешто (Видео)

Лидерот на движењето „Беса“  по денешната средба со Заев рече дека поддршката на „Беса“ за претседателски кандидат не би била безусловна

„Ссакаме кандидат кој би бил претседател на сите етнички заедници, претседател кој не би бил за едни мајка а за други маќеа“ вели Билал Касами.

Имало предлози за неколку имиња ни се уште не се знаело кој ќе бил, вели Касами, според кој се споменувале и конкретни миња.

Лидерот на СДСМ кој  деновиве бара поддршка за кандидат за иден консензуален претседател на државата вели дека немало услови туку станувало збор за анализи кои тие ги прават и оставале опција за да размислеле.

Заев сеуште се обидува да го убеди и Алијансата на Албанците на Зијадин Села да  даде поддршка но според извори на „Алфа“, таа опција наводно била „невозможна мисија“.

SHARE