Касами: Зад „бомбите“ на Ел Чека стои тој што има најмногу ќар од нив – СДСМ (ВИДЕО)

Кога не можеш да откриеш кој стои зад некоја работа, види кој има најголем бенефит од истата, така е и во случајот со „бомбите“ на Ел Чека – најголема корист или бенефит има Заев, вели претседателот на движењето Беса Биљал Касами, во вечерашното издание на емисијата „Отворено на Алфа“.

Но бенефит може да има и неговата партија, зошто тогаш јавноста треба да верува дека токму Беса или пак Алијанса за Албанците не се нарачателите?

На ова новинарско прашање Касами негира дека го познава Ел Чека или пак дека тој или неговата партија стојат зад емитувањето на разговорите кои прават огромна политичка штета за ДУИ.

SHARE