Катица, Фатиме, Боки 13 во Вевчани (ГАЛЕРИЈА)

Вевчанскиот карневал и во денешното издание кое се одржа под мотото „Напрај се василичар“ – одушеви.

Масовното дефиле на карневалот започна во 14 часот а меѓу маските можеа да се видат оние кои требаше да асоцираат на Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Боки 13, Трамп, Макрон и Жолтите елеци, како и други маски инспирирани од домашните и меѓународните случувања.

Традиционално, илјадниците различни маски вевчанци ги подготвувале цела година, а единствена цел им е да ги забавуваат присутните, да се измее општеството, политичките збиднувања и големите настани кои ја обележале изминатата година.

SHARE