Катица Јанева е болна

Адвокатката Ирена Фрчкоска во интервјуто за ТВ21 изјави дека е влошена здравствената состојба на Катица Јанева која од 21 август е во притвор.

Претходната недела во затворот во „Шутка“ каде се наоѓа Јанева била доставена и лекарската документација со цел здравствениот персонал да определи соодветна терапија.

Фрчковска за ТВ21 вели дека здравствената состојба на Јанева не е добра, особено психички и дека е под постојана терапија со лекови.

Адвокатката вели дека ќе бара укинување на мерката притвор.

„Сметаме дека се отпаднати основите за притворот, бидејќи таа веќе не е е специјален јавен обвинител и не може да ја злоупотрбува својата положба и да влијае“, изјави Фрчкоска.

SHARE