Поранешната шефица на згаснатото СЈО испратила писмена забелешка до Државниот завод за ревизија во која наведува дека извештајот за тоа како се делеле платите и бонусите во Спацијалното јавно обвинителство е порака за сите оние што се борат против криминалот на највисоките функционерски позиции бидејќи отпосле се реагира на нешто што со години било редовна и некритикувана појава.

„Дали пораката која на ваков начин се испраќа е: повеќе никој и никогаш во оваа држава да не се занимава со гонење на висока корупција, на начин како што го правев јас и СЈО, бидејќи на крајот, се ќе биде предмет на преиспитување, како што се случува сега, пост-фестум?“, стои во забелешката на Катица Јанева.

Во извештајот на ДЗР за платите и надоместоците кои се делени во СЈО, објавен денеска стои дека околу 4,6 милиони евра биле исплатени како додатоци за тајност, но без законска поткрепа.

Јанева, осудена на 7 години казна затвор во случајот „Рекет“ е во домашен притвор во Гевгелија.

SHARE