Катица Јанева го обвини тимот од СЈО дека се занимава со висока корупција (ВИДЕО)

Специјалната Јавна обвинителка со фрапантна изјава за време на својата прес конференција во СЈО по која што избега од прашањата на новинарите.

Порака до премиерот Заев и владата меѓу редови, подсвесно искажана изјава или пак обичен гаф е делот од нејзината изјава каде што таа вели дека СЈО се занимава со висока корупција во која се инволвирани највисоки државни фактори.

Притоа важно е да се знае дека Јанева не зборуваше на памет туку од вниамтелно срочена и предходно напишана изјава за медиумите.

„Повикот да се биде дел од високо професионален тим кој се занимава со висока корупцијае во која се инволвирани највисоки државни функционери е сериозна чест и многу голема одговорност“, гласи делот од изјавата која што ја збунува јавноста.

Доколку Јанева сака да каже дека СЈО заедно со високи државни функционери се занимаваат со висока корупција тогаш Јавното обвинителство по допрен глас мора веднаш да реагира на признанието на специјалната обвинителка.

Доколку се работи за гаф тогаш СЈО мора веднаш да реагира и да обајсни што сакаше да каже Јанева.

Контраверзната изјава на Јанева е по 4 минути и 20 секунди од видеото на А1он

SHARE