Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, користи годишен одмор, откако беа објавени вест и фотографија дека таа е на летување на Халкидики, во Ханиоти потврдуваат од СЈО за Плусинфо.

Од СЈО, сепак, не можат ниту да ги потврдат, ниту, пак, да ги коментираат фотографијата и информациите дека таа е на плажа во Грција, бидејќи обвинителката не кажала каде и како ќе го користи одморот.

Јанева, два дена по усната оставка, на 15 јули, приложи докумемнт дека е на боледување во траење од 30 дена што ѝ го дал матичен лекар.

SHARE