Катица Јанева од „рекетот“ зела 50.000 евра и – мебел

Покренато е обвинение за случајот „Рекет“ и екс-шефицата на СЈО, Катица Јанева од осомничена, сега е обвинета. Според обвинителниот акт, Јанева му ја олеснила положбата на сведокот во „Рекет“ и осомничен во „Империја“ Јордан Камчев, за што примила 50.000 евра и мебел.

„Второобвинетата го прифатила влијанието на првообвинетиот и како службено лице – јавен обвинител, ја искористила својата службена положба и овластување и ги пречекорила границите на своето овластување. Откако првообвинетиот заедно со третообвинетиот ги добил договорените 500.000 евра од сопругата на сведокот и покрај тоа што постоеле неизменети околности врз кои била определена и продолжена мерката притвор, второобвинетата до Апелациониот суд – Скопје доставила предлог за определување на поблага мерка – куќен притвор, кој предлог бил прифатен од страна на судот. Воедно, согласно договорот, по исплатата на првите 1.000.000 евра, второобвинетата доставила писмена согласност до судот одземената патна исправа привремено да му биде вратена на сведокот. Со преземените службени дејствија второобвинетата ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра“тврдат од Обвинителството.

За истото противзаконито влијание Боки 13 и Зоки-Кичеец примиле награда од 1.500.000 евра.

SHARE