Шефицата на СЈО, Катица Јанева, вечерва беше пренесена во истражниот затвор „Шутка“ откако судија на претходна постапка 1 изрече 30 дневен притвор како осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со предметот „Рекет“.

Притворот е на барање на Обвинителството за организиран криминал.

„Во овој момент сметавме заедно со јавниот обвинител дека е неопходна оваа мерка. Истрагата може да трае максимално шест месеци и во тој рок треба да се подигне обвинение“, рече обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска непосредно по изрекувањето на мерката притвор за Јанева.

Во Шутка се наоѓаат и осомничените Бојан Јовановсики – Боки 13 и Зоран Милески -Кичеец на кои минатата недела им беше продолженба мерката притвор на по уште 30 дена.

По барање на нејзиниот адвокат Јанева утре, сепак, ќе присуствува на погребот на нејзината мајка која почина утрово по долго боледување во Гевгелија.

Јанева има право на жалба за определена мерка притвор во следните два дена пред кривичниот совет.

ВИДЕО од пристигањето во Шутка на следниот ЛИНК

ВИДЕО од пристигањето во Шутка на следниот ЛИНК

SHARE