Катица Јанева ставила прстен во желудникот за да слабее

Стилот и животот на специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева, се имаат променето по запознавањето со Боки 13 објавува Алсат М од каде дознаваат дека пред неколку недели врз неа се спровела хируршка интервенција во една од болниците во Македонија.

Во зафатот ѝ било поставен прстен за намалување на желудникот за да почне процедура за слабеење.

Според податоците на Алсат М, еден таков зафат варира од 7.000 – 10.000 евра, но не се знае колку точно е платено за интервенцијата врз Катица Јанева.

Истиот зафат го има направено и Боки 13, три месеци претходно но нејзината интервенција не се поврзува со боледувањето што таа го отвори по апсењето на нејзиниот пријател Боки 13.

SHARE