Катица се појави во СЈО!

По шпекулациите во јавноста и прашањата каде е обвинителката Катица Јанева, која минатиот понеделник даде оставка, а отсуството од јавноста и од работа го „покри“ со боледување – таа денеска се појави во СЈО.

Се очекува во текот на денот да се разјасни нејзината „посета“ во Специјалното јавно обвинителство.

Оставката на Јанева коинцидираше со апсењето на двајца осомничени во случајот „Рекет“ поради што и беше одземен телефонот и даден на вештачење.

Денеска беше соопштено дека бил пронајден и другиот телефон на бвинителката кај лице кое тврди дека го добил како подарок,

Јанева при претсресот тврдеше дека вториот мобилен ѝ бил изгубен.

По „мистериозното исчезнување“ на Јанева се појавија бројни шпекулации каде е – од оние дека била во странство до безмалку маалски муабети дека била видена на фризер, во слаткарница, во родната Гевгелија…

SHARE